Поради утринска мачнина не отишла на работа – пропуштила да добие 32 милиони


Бремената Луис Витби, инаку мајка на две деца, има дополнителна причина заради утринските мачнини да се чувствува лошо.

wants-to-get-pregnantТокму заради тој проблем, 31 годишната Витби тој ден не се појавила на работа и не учествувала во синдикалната лотарија која на останатите вработени им донела џек пот вреден 32 милиони евра. Добивката, како што пишува Дејли мејл, ја освоиле вкупно десет колеги на Витби, на кои им припаднале по 3,2 милиони евра.

Откако го освоиле џек потот, десетмината вработени во филијалата на компанијата А4С од Мерсејсајд дале отказ. Тоа го сватил и нивниот шеф, но и Луис, кои во понеделник единствени се појавиле на работа. Но, Луис не се помирува со судбината.

Додека нејзиниот шеф се обидува да најде нови работници, Луси по судски пат бара дел од колачот. Смета дека има право на тоа бидејќи последните две години секоја недела уплаќала по две фунти за лотарија, а тие одбиле дополнително да и ја прифатат последната уплата.

„Сакав да им платам, но не дозволија. Сега кога ја освоија наградата, велат дека немам право ниту на пени. Не можам да верувам”, се довери на медиумите очајната Луис, која своите довчерашни колеги ги сметала за големи пријатели.

Ним, доколку ја прифатеа понудата на пријателката, добивката по лице би им била помала за околу 300.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1