Пеење од џамија преку звучници се смета за закана


Професор во Шведска тврди дека муслиманските повици преку звучник од џамија не се само повици на молитва, туку треба да се толкуваат и како закана.

Шведското списание „Диспач“, кое е критички настроено против исламот, идната недела ќе испрати примерок од својот најнов број до 6.000 членови на шведската екстремно десничарска партија Шведски демократи во чии број се зборува за пеењето од џамиите.

Новиот број на списанието „Диспач“ ќе биде испратен заедно со примерок од партиското гласило на Шведските демократи, „СД-курирен“. Велат дека тоа не е ниту расизмот ниту екстремизм.

Оваа партија својот имиџ и профил во пошироката јавност главно го има изградено врз остра критика на имигрантската политика и манифестирање на нетрпеливост кон бегалците и доселениците. Рејтингот на Шведските демократи е во пораст, така што тие, според најновите сондажи, добиваат девет проценти од симпатиите меѓу избирачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1