Видео: Девојчето родено со срце надвор ја преживеа операцијата


Малата Одрина Карденас е родена со срцето надвор од телото. Таа успеа да ја преживее тешка операција во која лекарите го вратија нејзиниот орган на место.

 

Според лекарите оваа аномалија се јавува еднаш во осум милиони случаи и дечињата најчесто не преживуваат.

Херојот бебе како што ја нарекуваат досега издржа 6 операции со последната лекарите успеаја да и го вратат органот на место и нејзиното срценце чука со вобичаен ритам.

Иако операцијата е успешно завршена, малата Одрина сеуште е во критична состојба и е во болницата во Хјустон.

Ја чекаат дополнителни операции за да докрај се отстранат дефектите од нејзиното срце. нејзината мајка е пресреќна бидејќи сценаријата на лекарите не биле розови. Дури и ја терале да абортира, но таа одлучила да се обиде докрај со се што е можно да и го спаси животот на нејзината ќеркичка. По последната операција лекарите се оптимисти дека чудото од бебе може да заздрави и да живее.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1