Добро почитајте ја оваа статија: Како не уништуваат компјутерите


Интернет зависноста е долго време веќе се смета како ментална болест. За жал, ова е само еден од многуте болести кои може да ни се случи благодарение на компјутери.

Ние ги користиме компјутерите секој ден без да обрнеме внимание на последиците – компјутерите се нашите големи пријатели, но и наши големи непријатели. Па ајде да почнеме со наведување на сите несакани ефекти од секојдневното седење пред компјутер:

Болка во колената

Можеби сте еден од оние луѓе кои работат во канцаларија, вашите нозе лесно доагаат до неудобна позиција. Болка во колената се повеќе се случуваат како резултат на долго седење пред компјутер

Компјутерски вид

Дали трошите пред монитор повеќе од три часа на ден? Тогаш тоа е многу и вие веројатно ќе патите од она што лекарите го нарекуваат “компјутерски вид синдром”. Ова предизвикува замор понекогаш главоболки,болки вратот и грбот, заматено или дупло гледање.

Нарушување во спиењето

Немојте да се изненадите ако патите од несоница или се будите често во текот на ноќта, и веднаш седнувате на компјутер.

Главоболки

За да се спречи главоболката обидете се да го промените позоционирањето на вашиот монитор, осветлување во собата. Проверете го видот – можеби е време да почнете да носите очила.

Болка во грбот

Тешко дека некој од нас седат на компјутер правилно. Ако без да правиш било која вежба, грбот ќе почне да ве боли порано или подоцна. Истото важи и за мускулите на вратот.

Намалена концентрација
Не е важно колку и да звучи апсурдно задачите и повеќе апликации во исто време само не збунуваат , Модерната генерација на пример се заситува брзо од се па затоа преминува од една на друга работа

Интернет зависноста

Тешко дека некој од нас седат на компјутер а не влегува на интернет. Кинески истражувачи откриле дека интернет зависноста може да ти го смени мозокот исто како алкохолот, а промените се јасно видливи при скенирање.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1