Пејачката Уснија Реџепова се бори за живот


Познатата српска  пејачка Уснија Реџепова веќе две години страда од сериозна болест на белите дробови и се чувствува многу лошо, дури не излегува ни од дома, дознава српски „Курир“

По смртта на нејзиниот сопруг Светомир Шешиќ Шеле, кој почина во август минатата година од рак на панкреасот, здравствената состојба на пејачката драстично се влошила, и оттогаш, не ја напушта куќата.

usnija– Реџепова е целосно повлечена во себе, речиси и да нема комуникација со никого. Нејзиниот брат и сестра и помагаат и постојано се со неа. Таа беше болна и пред да почине нејзиниот сопруг, но тогаш имаше поддршка и помош. Додека беше во првата фаза од болеста, обично се движеше низ градот и работеше, но кога го изгуби Шеле, нејзиниот живот се претвори во пекол. Оставена е сама и мизерна. Нејзината состојба е критична, едвај може да се движи. Уснија е голем оптимист и затоа не губи надеж дека ќе биде подобро, и прима лекови и терапии. Силна жена се издржува – пренесува „Курир“.

Уснија често ја посетува нејзината колешка Мерима Његомир.
– Мерима често оди кај неа на посета бидејќи се добри пријателки. таа се грижи за неа и и посветува многу внимание. Често знаат да заплачат заедно, а понекогаш и се смеат – изјавил еден пријател на пејачката.

Во изјава за весникот, Уснија потврдила дека не е добро.

– Така е, но не би сакала да зборувам за тоа. Затоа не одам никаде. Се надевам дека ќе ме разберете – изјавила пејачката.

Реџепова е една од ретките која може да се пофали со богата дискографија и хитови како „Се развеа мојата коса“, „Мојот живот“, „Нишка Бања, топла вода“, „Ох, песно моја“, „Јас сум од југ, ти од север “. Легендарна е нејзината улога на Коштана – лик од романот на Бора Станковиќ, кој долго време се играше на сцената на Народниот театар во Белград.

Нејзината пријателка Есма Реџепова за „Курир“ изјавила.

–  Жално е што тоа се случи и што Уснија ми е болна. Ние не сме слушнале три или четири месеци и се јавив да ја побарам, а таа ми рече: „Е моја Есма, јас сум многу лошо“. Ми рече дека нејзиниот брат и и снаата се таму, ја прашав кога ќе дојде во Скопје малку да се одмори, а таа ми рече веднаш штом заврам со терапијата. Јас плачам 24 часа за неа и му се молам на Господ да оздрави – изјавила Есма.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1