Детали за убиството во Неготино: Мажот убиен за 1.000 денари


Полициска станица Неготино во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето С.В. (38) од село Пепелиште- Неготино, поради основи за сомнение за сторено убиство над лицето Вељо А. (86) од село Пепелиште општина Неготино.

3282_Negotino, MakedonijaПред два дена во времето од 12-13 часот пријавениот и сега починатиот Вељо А. (86) работеле заедно на засадување дрво на гробиштата во село Пепелиште.

Откако Вељо не му платил на пријавениот за услугата , дошло до вербална расправија по што пријавениот земал метален ашов со дрвена рачка и го удрил сега починатиот неколу пати во пределот на телото и главата .

Потоа, му го земал паричникот и од истиот одзел 1000 денари по што заминал во непознат правец.

Пријавениот заедно со кривичната пријава е изведен пред надлежен суд.

Неофицијално осомничениот за убиството имал психички проблеми за што поседувал документација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1