Кит Флинт, фронтменот на групата ,,Продиџи” извршил самоубиство во својот дом во Данмоу.
Веста за обожавателите на музичарот ја потврди на својот Инстаграм профил неговиот близок пријател и соработник Лиам Хаулет, кој го формираше бендот во далечната 1990 година.
-Веста е вистинита, не можам да поверувам дека ова го кажувам, но нашиот брат Кит си го одзеде животот за време на викендот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир – напиша Лиам.
Полицијата од Есекс исто така ја потврди смртта на 49-годишниот Флинт за британските медиуми.