Пекинг: Исчезнатиот шеф на Интерпол примал поткуп


Властите во Пекинг соопштија денеска дека кинескиот чиновник Менг Хонгвеи, кој поднесе оставка на чело на Интерпол, е под истрага дека примал мито. Менг „примал поткуп и е осомничен дека го прекршил законот“, се наведува во соопштението на Министерството за јавна безбедност. Деталите за случајот не се наведуваат, а соопштението е издадено неколку часа откако меѓународната полициска организација Интерпол ја објави оставката на Менг на функцијата претседател на извршниот комитет, без наведување на причината.

Менг е заменик на кинескиот министер за јавна безбедност. Неговата сопруга Грејс Менг во петокот изјави оти не се слушнала со него откако на крајот на септември отпатувал во Кина. Оттогаш не се знае каде е и што се случува со него.Во петокот, неговата сопруга Грејс изјави дека не се слушнала со него, откако тој заминал за Кина кон крајот на септември. За новинарите во Лион, каде што е седиштето на Интерпол, таа изјави дека се загрижила откако од својот сопруг добила смс порака со емоџи нож, пренесе АФП.

Кинескиот шеф на Интерпол Менг Хонгвеи поднесе оставка од функцијата, отако Кина објави дека тој е под истрага, објави вчера меѓународната полициска агенција.

Меѓународната полициска организација Интерпол, со седиште во Лион, во неделата ја објави оставката на нејзиниот кинески претседател Менг Хонгвеј, кој е во бегство повеќе од десет дена и кого Пекинг го обвинува за „кршење на законот”, а денеска беше соопштено дека Ким Јонг Јанг од Јужна Кореја, кој е на функција заменик-шеф на Извршниот комитет на Интерпол, привремено ќе го замени досегашниот директор Хонгвеј.

Ким Јонг Јанг привремено ќе биде на функцијата претседател, бидејќи изборот на нов претседател за следните две години, кој ќе се бира на 87-то генерално собрание на организацијата, ќе се одржи во Дубаи од 18 до 21 ноември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1