Тие тврдат дека од 1998-ма до 2013-та година растот на глобалната температура бил во стагнација, што е природна појава и трае во интервали од околу 15 години, и не може да се препише на намалувањето на емисиите на стакленички гасови како што до сега се мислеше, пренесува Nature World News.
Од 1998-ма година глобалната температура се намалила од 0.27 до 0.37 степени Целзиусови, објавуваат истражувачите од МекГил.
“Сепак, наредната година не очекува неверојатна топлина со порастот на емисиите на стакленички гасови, кои до сега не го покажаа својот целосен деструктивен потенцијал”, изјави еден од авторите на Shaun Lovejoy.
Од 1992-ра до 1998-ма година глобалната температура растела со огромна брзина, а потоа се запрела на одредено ниво. Сега започна нова ера на промени, тврди овој почитуван научник.
Последната таква пауза била помеѓу 1944-та и 1976-та година и тоа природното ладење привремено го покрило трендот на затоплување кој сега се очекува во полн замав. Овој модел е во согласност со повторувањата кои се забележани изминатите 20-50 години за кои научниците откриле докази во ледените седиментални езера.
Многу метеоролози тврдат дека изминатите 30 години не паметат вака необично лето.
Месеци пред летната сезона и зимската и пролетната ќе биде натпросечно топло, а ваквите временски промени доведуваат до “метеоекстреми”. Некои метеоролози тврдат дека сезоната на пливање ќе потрае до ноември!
Точка.ком.мк