Пендаровски: Ќе ви служам посветено на сите


Стево Пендаровски вечерва прогласи победа, и се заложи дека ќе им служи на сите граѓани. Тој истакна дека изборите биле фер и демократски и кристално чисти, спроведени по европски вредности.

„Ова денеска беше нашата достоинствена Македонија. Победа на мнозинството граѓани, независно од политичка и етничка припадност. Се обедини и рече продолжуваме заедно напред – никогаш повеќе режим“, рече Пендаровски.

„Свечено сакам да објавам дека ќе ви служам посветено на сите“, додаде Пендаровски.

,Драги пријатели сакам да ви ветам една работа, ќе бидам Претседател на држава од која нема да се срамите“-рече идниот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1