Пендаровски: Ноќната мора – извршители, ќе биде минато


Носителот на листата кандидати за пратеници во ИЕ 1, Стево Пендаровски, во петок рече дека на годишно ниво во изминатите фискални години по основ на глоби, власта проектираше да зема од сопствените граѓани, и земаше од 65 до 85 милиони евра и дека таа политика по 11 декември ќе престане и ќе биде заменета со сосема друга казнена политика која ќе се потпира на превенцијата како главен столб.pendarovski2-570x272

„Тоа значи дека инспекцијата кога ќе дојде кај вас, нема да ве казнува веднаш, туку ќе ве опомене. Ако по втор пат го направите истиот прекршок тогаш правниот субјект ќе биде казнет , но најмногу до 50 проценти од ова што е сега. Инспекциите по 11 декември сигурно нема да бидат правени по партиски нарачки во партиски штабови туку ќе постапуваат само ако има силни докази дека некој правен субјект не работи во согласност со законот“, рече Пендаровски.

Најави и дека ноќната мора-извршители ќе биде минато. „Нема да биде можно по 11 декември компензацијата за извршената извршителска работа да биде 5 до 7 пати поголема од сумата која треба да биде извршена.Ако должите 1.000 денари, нема да биде можно извршителот да земе 3 или 5.000 денари.“, рече тој

Според него и судските казни и трошоци денеска се енормни. „Во нашата програма стои, и тоа ќе биде реализирано како една од првите мерки на новата Влада, судските трошоци и казни нема да бидат повеќе од 20 проценти од вкупниот спор“, додаде Пендаровски.

Најави и дека граѓаните ќе добиваат со враќање на ДДВ и тоа 15 отсто на тие што го платиле, освен за луксузните производи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1