Пендаровски ја критикуваше актуелната власт дека придонела за големата бројка на иселени лица од земјава.
Во последните шест години, како што рече, повеќе луѓе ја напуштиле Македонија, отколку во периодот 1991-96, кога државата била несигурна.
Повикувајќи на масовност на денот изборите, Пендаровски наведе дека е време за промени и за, како што рече, „свеж ветер во политиката, а таква шанса се пружа на 13 април“.
На митингот во Гостивар Пендаровски истакна и дека прифаќа ТВ-дуел со неговиот противкандидат Ѓорѓе Иванов.