Пензиите да се исплаќаат од 28 март, препорача Владата


Владата им препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од сабота, на 28 март, што значи неколку дена пред вообичаениот старт на почетокот на месецот што го практикуваа повеќето банки.

Оваа препорака беше донесена на синоќешната владина седница, на која беше усвоена информација за исплата на пензии за март 2020 година на предлог на Кабинетот на заменик премиерот за економски прашања, Мила Царовска.

Вицепремиерката Царовска, како што се вели во соопштението од владината седница, се обратила до Македонската банкарска асоцијација со барање поради вонредната состојба со корона вирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година.

„По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март“, се вели во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1