Пензионер од Франција ќе го урива рекордот на Феликс со скок од вселената


Неговите спонзори не се дарежливи како Red Bull, па овој пензиониран падобранец морал да продае речиси се што има за да би го организирал овој подвик и за 1 километар да го сруши рекордот на Феликс.

Французинот Мишел Фурнијер, 68 годишен поранешен воен падобранец изјавил дека има намера да го собори рекордот во слободен пад со скок од вселената кои на 14 октомври го постави Австриецот Феликс.

,, Во мај идната година ако соберам доволно средства планирам да скокнам од повеќе од 40.000 метри над Канада,, изјавил Фурнијер за магазинот Прованс.

Неговите спонзори не се дарежливи како Red Bull, па овој пензиониран падобранец морал да продае речиси се што има за да би го организирал овој подвик и за 1 километар да го сруши рекордот на Феликс.

Од 2000 година тој неколку пати се обидел да скокне од стртосферата но речиси секогаш бил принуден да се откаже поради неповолните временски услови или проблеми со опремата. Овој пат вели дека има американски балон кој е потполно безбеден.

,, се обратив до Red Bull но тие веќе си го имаа Феликс, од 4 претседатели преку писмо побарав помош но само Митеран ме прими бидејќи мојата мајка беше куќна помошнишка кај еден од неговите советници,, вели пензионерот.

Вели дека иако е стар тој е во полна форма – подготвен за скокот на својот живот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1