Министерството за труд и социјална политика на една недела пред истекот на рокот за пријавување, потсетува дека повикот за користење на услугата за “Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година”, како и за услугата “Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година”, трае до 16.2.2015 година (понеделник).
Сите заинтересирани пензионери коишто ги исполнуваат условите може да аплицираат во подрачните филијали во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ширум државата.
-Да потсетиме. Услугите “Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година” и “Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година” може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување. Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд. При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите коишто пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите коишто се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност, стои во соопштението на МТСП.
Министерството за труд и социјална политика уште еднаш ги повикува сите пензионери до 16.2.2015 година (понеделник) да го искористат рокот за пријавување за користење на услугата “Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година” и “Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година”.