Пензионери во старски дом пушеле крек и носеле проститутки


Двајца станари во дом за стари лица во Енглвуд во Њу Џерси се осомничени за консумирање на кокаин и водење на ланец на проституција.

Маж од 75 години и 60-годишна жена се уапсени по пријава на станари на домот „Винсент К. Тибс“ дека по зградата се мотаат скитници, пијаници и наркомани.

penzioneri zurkaЏејмс Парам, 75 години признал дека доведувал проститутки, воглавно млади жени зависни од крек на некој од своите помлади соседи. Се претпоставува дека двајцата осомничени и нивните соучесници се причина за ширењето на криминал во домот поради што станарите се плашат да излезат од становите.

И покај нивната застрашеност покрената е истрага, па сега полицијата патролира во домот 24 часа дневно.

На крајот на април полицијата го уапси Џејмс Парам и неговата сосетка Черил Чејни од петиот кат, под обвинение за поседување на опрема за консумирање на дрога и користење на опојни средства. Черил Чејни е обвинета и за поседување крек.

Трета осомничена е 54-годишната Селма Мекдафи која работела како сообраќајна полицајка на пешачкиот премин пред училиштето. Таа е обвинета за поседување на прибор за консумирање на дрога, откако кај неа е пронајдено луле за пушење на крек. Суспендирана е од работа и ќе биде уапсена доколку се врати во зградата.

Управата на домот вели дека немале причина за сомнеж во било кој станар. „Сите беа апсолутно чисти. Немаше причина да не ги примиме во зградата“ изјавила Марија Ивано, директорка на установата.

Објектот со 152 стана, во кои воглавно живеат луѓе со ниски примања, стари 62 години, како хендикепирани лица постари од 55 години има безбедносни камери во заедничките простории пред зградата.

Управата на зградата ги прегледала снимките по пријава на станари кои се пожалиле на непосакувани посетители и повикале полиција да им  одржи семинар за безбедност на пензионерите.

Тие раскажувале дека во зградата се онесвестувале скитници, пијаници се тетеравеле по ходниците, додека во просториите за одмор и дружење биле расфрлани кондоми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1