Перница полна злато се крие на депонијата Дрисла – сопствениците ја барале ама не ја нашле


Перница полна со злато, чанта со документи, пари – сите овие работи граѓани по грешка ги фрлиле во ѓубре и потоа оделе да ги бараат или во камионите на „Kомунална хигиена“ или на депонијата „Дрисла“. На никој од нас не му е пријатна миризбата на ѓубрето знаејќи што с` се крие во него, но кога се во прашање скапоцени предмети или документи што завршиле таму, секој е подготвен да пробуричка за да ги најде.

Завиткани и фрлени 10.000 евра

deponijavardariste– еден човек ни јави дека 10.000 евра завиткани во нешто не сакајќи биле фрлени во ѓубре. Kамионот кој го собираше сметот во реонот од каде што се јави сопственикот беше проверен. Целиот камион беше испразнет од ѓубрето и парите биле најдени.

Во депонијата „Дрисла“ ни раскажаа дека досега во неколку случаи граѓани доаѓале да си бараат вредните предмети и златото.

– Пред шест години, кога ѓубрето од Тетово с` уште доаѓаше во оваа депонија, еден тетовец дојде да си го бара златото што му било наменето за свадба. При чистење на куќата, подготвувајќи се за свадбата, ја фрлиле перницата која била веќе стара, а во која било скриено златото. Била многу голема количина, но човекот не ни кажа точно колкава. Но, за жал, златото не успеа да го најде. Доцна пријавил. Поминале неколку дена откако се сетил да дојде – вели Сашo Тодоровски, раководител на одделението за депонирање во „Дрисла“.

Тој се сеќава и на случај кога пред пет години човек од Драчево дошол да си ги бара своите 7.000 евра што ги фрлил.

bager drisla– Тој имаше среќа бидејќи пријави пет-шест часа откако биле фрлени парите. И овие пари биле наменети за свадба. Го најдовме камионот кој го собирал ѓубрето во реонот каде што живеел граѓанинот и нашите вработени знаеја приближно каде камионот го истоварил ѓубрето. Во тој куп беа пронајдени парите, а среќниот сопственик ги почести вработените – пренесува Тодоровски.

Освен пари и злато, Тодоровски вели дека депонијата се пребарува и за битни документи.

– Еднаш дојдоа од една сметководствена фирма од Скопје, од центар. Тие дојдоа итајќи по камионот со ѓубре за да си ги најдат документите што ги фрлиле. Тоа не беше мала работа затоа што во камионот имаше 15 тони ѓубре. Им требаа пет часа да го пребараат целиот товар, но на крајот ја најдоа кесата со документите – вели Тодоровски.

Ако фрлите нешто по грешка, веднаш ѕвонете во „Kомунална“

– Граѓаните што се сомневаат дека фрлиле предмети, документи, пари или нешто друго, треба да се јават на телефонскиот број 3216-644, кој е на располагање од 7 до 19 часот. Во потесните улички одат помали камиони, од каде што потоа ѓубрето во претоварните станици се префрла во поголеми камиони, кои одат во депонијата „Дрисла“. Поради тоа, ако се јават подоцна, барањето на она што е загубено ќе биде потешко. Kога ѓубрето е во помали количини, тогаш и пронаоѓањето е полесно. Секогаш излегуваме во пресрет – вели таа.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1