Пештани со нов лик (Фото)


Деновиве селото Пештани доби нов, модерен, партерно и хортикултурно уреден кеј, кој се протега на потегот од рибниот ресторан до објектот на поранешната полициска станица.

Градежните активности започнаа пред  нецел месец, со изградба на потпорниот ѕид кој со сопствени средства го финансираше локалната самоуправа, пишува Ohridnews.

pestani2Следуваше изградба на пешачка патека, поставување водоводен систем за наводнување на цвеќињата, нови ивичници и столбчиња со кои ќе се овозможи безбедно движење на жителите и туристите.

Малубројни домашни туристи, слободен паркинг простор, слаба посетеност на плажите и мала исполнетост на приватните сместувачки капацитети е сликата во крајбрежното рибарско село Пештани.

Пештанци сепак се надеваат дека крајот на Јули и Август ќе им донесе повеќе и странски и домашни туристи.

pestani pestani2

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1