Жарко Хргиќ (57) некогаш имал нормален живот, семејство. Имал стан во Зеница, работел во Германија од каде 6 пати го протерувале бидејќи илегално бил во земјата. Во младоста бил добар сликар но не слика веќе 25 години.
Останал без стан, без пари и немал друг избор туку да бара кров над главата. Пред 30 години случајно ја пронашол пештерата кај каменоломот која порано била складиште. Се вселил таму и ова е 5 зима која ќе ја дочека како пештерски човек среде Европа во 21 век.
,, одбив да живеам во просториите кои ми ги нудеше лoкалната самоуправа, храната не ми е проблем, го земам и јадам она што другите го фрлаат, не сте ни свесни колку многу храна се фрла – чисто расипништво, вели Жарко.
Единствен проблем му се зимите. Снегот знае да ја затвори и вратата од пештерата па тој да не може со денови да го исчисти за да излезе надвор. Најлошо е сепак кога врне, пештерата е накривена и водата влегува и ја поплавува, вели Жарко.
Научил да спие на -25 степени, да е целиот мокар кога ќе го поплави дождовница, да неможе да види сонце кога снегот ќе го затрупа, но сепак тврди дека за овие 5 години ниту еднаш не се разболел.
,, јас се чудам како луѓето кога разговараат со мене сите се жалат вирус фатиле, се прехладиле ( тие не знаат каде јас живеам, не сум им рекол), како они се болни а живеат во своите топли станови, имаат се, а пак болни. Па излегува дека мене ми е подобро од нив иако тие имаат подобри услови за живот од мене, вели.
Сепак Жарко се надева дека доаѓаат подобри времиња, му јавиле дека наскоро доаѓа неговиот син да го земе со себе во Бусовача.
,, никому не му кажав каде живеам, ми беше срам бидејќи изгубив се. Ни синот не знаеше, но еве дознал и доаѓа, се надевам дека до нова година ќе се преселам, и ќе можам да почнам повторно да сликам.