Пет кривични пријави против поранешни градоначалници


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила пет кривични пријави против поранешни градоначалници.

– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице, соопшти денеска Обвинителството.

Кривичните пријави, како што информираат, се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик.

Од Обвинителството посочуваат дека кривичните пријави се проучуваат за донесување понатамошна јавно обвинителска одлука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1