Пет месеци од убиството на Тијана – започнува да функционира „Тијанин портал“


Утре се навршуваат пет месеци од изчезнувањето на Тијана Јуриќ која беше убиена во истата ноќ кога била киднапирана. Во знак на сеќавање на 15-годишната Тијана започнува со работа „Тијанин портал“- www.tijana.rs.

tijana500

На почеток замислен како Тијанин сајт на кој ќе биде поставена нејзината биографија и податоците околу судењето, во текот на истрагата прерасна во портал со рубрики во врска со усвојувањето на предложениот „Тијанин закон“ и воведувањето на системот „Тијана алерт“, како и усвојување на предлогот за Тијанина улица во Суботица.

Тијанин закон е иницијатива на нејзините родители, со кој ќе се измени досегашната одредба во Законот со јасно дефиниран рок во кој полицијата ќе биде обврзана да покрене истрага за изчезнатите лица. Тијаниниот закон предвидува истрагата за исчезнатите деца да започне веднаш по пријавата, наместо да се чека да поминат 48 часа, како и тоа во потрагата да се вклучат сите расположливи полициски служби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1