Од почетокот на годината досега се регистрирани 5 случаи на ХИВ-СИДА. Сите се МСМ односно преносот го добиле по хомосексуален пат. Тројца од нив се на антиретровирусна терапија.
Од Инфективна клиника очекуваат бројот да расте и да продолжи трендот од минатата година кога имаше дури 45 заразени. Сите се млади на возраст од 20 до 35 години.