Трагедија го потресе Балканот: Девојче се задуши со јаже од ролетни, ја пронајде помалиот брат


Девојчето М.Г. (12) настрада во несреќен случај вчера околу 18 часот во Димитровград, Србија во својот дом, кога при неутврдени околности се задавила со јажето од ролетните.  Како што дознава „Блиц“ телото на девојчето го нашло три години помладиот брат.roletni3

Околу вратот на несреќното девојче било замотано јажето за кревање на ролетните. Таа 15 минути пред трагедијата влегла во својата соба со намера да ја среди, а пред тоа си играла во дворот.

Девојчето била одлична ученичка во 5. одделение во Основното училиште „Христо Ботев“.

Полицијата изврши увид на местото на трагедијата.

Таа ќе биде погребана денеска на гробиштата во Димитровград.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1