Драма на летот за Приштина: Албанец ја претепал стјуардесата поради сендвич


Албанец во авионите на „Изи џет“ вечерва го принудил пилотот на линијата Женева–Приштина да го слета авионот итно во Рим, откако физички ја нашаднал стјуардеса.

Како што пренесува „Дејли меил“, патникот бил незадоволен бидејќи предолго го чекал својот сендвич. Тој физички ја нападнал стујардесата удирајќи ја со тупаници во пределот на лицето.easy jet

Останатите патници кои се превезувале во авионот станале за да го спречат, но иако успеале да го оттргнат, пилотот, согласно процедурите веднаш го спуштил авионот во Рим.

Компанијата испратила друго летало, а стјуардесата била префрлена во болница.

Случајот го потврдуваат и „Изи џет“ и аеродромот во Приштина. Од авионската комапнија велат дека стјуардесата имала повреди на лицето и и биле скршени очилата.

Насилниот патник бил приведен од локалната полиција во Рим и по сослушувањето пуштен на слобода. Сите 180 патници безбедно слетале во Приштина со друг авион, со неколку часа доцнење.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1