Марина Туцаковиќ е најдобриот текстописец во регионот, но сумата која ја доби за само еден стих ги надминува границите на научната фантастика.![]()
Станува збор за песната која Неда Украден ја отпеа во осумдесеттите, „Зора је“. Пејачката Неда Украден раскажа како нејзиниот голем хит на Марина Туцаковиќ и донесе преку 100.000 евра.
– Песната ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и ние двајца неколку пати се скаравме околу самиот наслов на песната. Прво ја нарековме „Јоване, зора је“, па „Милане, зора је“. Последната и конечна верзија беше и остана „Зора је“. На крајот ја викнав Марина Туцаковиќ која напиша само еден стих, и тоа „Суза је из ока канула“. Неа тој стих до сега и донесе преку 100 илјади евра! – рече Неда.









