Пет трикови за пеглани алишта без пеглање


Пеглањето е една од најомразените куќни работи, посебно во лето кога и без пеглата е доволно жешко. Со неколку трикови може да го избегнете влучувањето а пеглата, а алиштата, сепак, ќе ви бидат испеглани.koshula pegla

1. Влажна крпа

Облеката што сакате да ја испеглате ставете ја на рамна површина и врз неа ставете мокра крпа (можете да користите и хартиена крпа). Притиснете и исправете ги збрчканите делови. Оставете блеката да се исуши.

2. Пареа од бањата

Затворете ги прозорците и вратитеод бањата, а облеката што сакате да ја испеглате закачете ја што поблиску до тушот, но бидете сигурни дека нема да ја наквасите додека се туширате.  Додека вие сте под туш, пареата ќе ги израмни наборите. Ако облеката е мокра после тоа, оставете ја во друга соба испружена да се исуши на неколку минути.

3. Прскање со вода

Oбесете ја изгужваната облека на закачалка. Од растојание од околу 30 сантиметри испрскајте ја со вода од прскалка. Можете да додадете малку омекнувач во водата за дополнителна мекост. Оставете да се исуши.

4. Пегла за коса

Ситните набори во пределот на јаката и околу копчињата најлесно може да ги исправите со помош на пегла за коса. Апаратот кој ја исправува косата истото го може и со облеката. Пред употреба добро исчистете ја пеглата за да не ја уништите омилената маичка.

5. Коцки мраз за во фен

Изгужваната облека и неколку коцки мраз ставете ги во машината за сушење и вклучете ја на неколку минути на висока температура. Мразот ќе се стопи и да се претвори во пареа, која ќе се исправи стутканите алишта. Овој метод работи само ако ставите едно или две парчиња облека во машината.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1