Пет ученици од ОУ „Исмаил Ќемали“ загинаа во несреќата, најмалиот одел во второ одделение


Скопското основно училиште „Исмаил Ќемали“ завиено во црно. Пет ученици загинаа во страшната сообраќајка во Бугарија. Сите петмина се во роднинска врска. Вкупно 12 члена од ова семејство ги загубија животите во несреќата враќајќи се од кобното патување во Истанбул.

  • Најмалото од петте деца кои учеле во Основното училиште „Исмаил Ќемали“ одело во второ одделение. Едно било шесто, едно осмо, а другите две биле деветто одделение.

Учениците од прва смена порано беа пуштени дома поради трагедијата, а според информации на Сител, наставата од втора смена се одвива нормално.

Семејството кое загуби 12 членови се сопственици на угостителски објект во старата скопска чаршија. Ресторанот денеска е затворен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1