Петковски: Им го отстапуваме Парламентот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ


Лидерот на НСДП, Тито Петковски соопшти дека неговата партија нема да биде дел од новиот Парламент. Со едногласна одлука решиле дека останувањето надвор од законодавниот дом покажува дека не им се во интерес удобните собраниски фотелји.

tito-petkovski-564x272Петковски посочи дека сега одговрноста за неизвесниот пат на Македонија е во рацете на Никола Груевски и Али Ахмети. Не верува дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи на формирање техничка влада која би спровела избори.

Петковски потенцираше дека со останувањето надвор од Парламентот, се изедначуваат со граѓаните и ќе се борат против оваа власт со сите расположливи механизми. Рече деке нема да дозволат Никола Груевски неказнето да излезе од криминалната афера што опозицијата ја објави пред изборите.

A1On

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1