Пукање во Струга: Тројца во болница


Три лица завршија во болница од кои едното има рана од огнено оружје по грабеж кој се случил во центарот на Струга, јавува Нова повикувајќи се на официјални полициски извори. Според информациите, 5 лица влегле во златара со намера да ја ограбат.

zlataragrabez1-540x405При грабежот со истрел од огнено оружје ранет е сопственикот на златарницата а уште две лица добиле повреди од кундак.

Според Охрид прес Неофицијално биле испукани рафали од автоматско оружје, при што во ногата било повредено едно лице во златарскиот дуќан. Во струшката чаршија е забележително присуство на полицијата која ја започнала потрагата по напаѓачите.

Полицијата го потврдува случајот и информира дека се трага по напаѓачите. Не се знае што е украдено од златарницата. Повредените се во стабилна состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1