Петмина битолчани со шипки испокршиле ноќен клуб – Притвор за петмина


Околу 2,15 часот вчера во Битола на ул.„Партизанска“, во ноќен клуб „Расчекор“ од страна на поголема група на лица, извршено е насилство на тој начин што со употреба на шипки и стаклени чаши и шишиња почнале да удираат во клубот со што предизвикале чувство на страв и несигурност кај присутните, кои во паника го напуштиле објектот, информира полицијата.policija centar nokj

„Од страна на обезбедувањето од агенција за обезбедување, при обид да бидат спречени, биле физички нападнати од учесниците во насилството со употреба на физичка сила (тупаници и клоци) како и со стаклени шишиња, чаши и метални палки. Со насилството предизвикана е материјална штета од околу 100.000 денари. Во врска со настанот од страна на судија на претходна постапка, одредена е мерка притвор во траење од 8 дена на Ѓ.Т.(36), Ѓ.Ф.(23), А.А.(36), К.И.(21) и Б.С.(29) сите од Битола, а поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“, соопшти МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1