На локалниот пат Долно Лисиче-Драчево во близина на железнички премин околу 21 часот дошло до страотна сообраќајна незгода кога автомобил марка „лада самара“ удрил во бандера.
Според податоците, со автомобилот управувал 29-годишниот Ф.М, а во него се наоѓале и 26-годишниот И.М. 41-годишниот А.С. 36-годишниот Н.С. и 20-годишниот Д.М. кои се роднини.
Сите пет лица се здобиле со повреди во несреќата и се пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.