Пет лица од кои две тешко се повредени во сообраќајната несреќа која утринава околу 8.20 часот се случила на патот Струмица-Вељуса во близина на градските гробишта.
До несреќата дошло при судир меѓу две возила во струмички регистерски таблички, „Фиат Типо“ и „Цитроен ксара“.
Со тешки повреди се здобиле возачот на „Фиатот“, 31-годишниот Ѓ.И. и сопатникот од „Цитроенот“ И.М. (67). Неговата сопруга Р.М. (68). и И.Г. (24), кои биле сопатници, како и возачот на „Цитроенот“ Н.С. (25) се полесно поредени. Во овој автомобил се наоѓало и 12 годишно девојче кое поминало само со два скршени заба.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а сообраќајот на овој патен правец беше блокиран, а возилата пренасочувани кон патот за населеното место Ангелци.