Петмина загинати во силното невреме кое ја зафати Европа


Во силното невреме со урагански ветрови, кое вчера прво ја погоди Велика Британија, а потоа и Германија и скандинавските земји, загинаа пет лица, десетици илјади домови останаа без струја, а беше запрен и железничкиот и поморскиот сообраќај, додека авиосообраќајот се одвиваше со задоцнување.

0048007.48Две лица загинаа во Шкотска при удар на ветрот со брзина до 225 километри на час. Возач на камион го загуби животот, а четворица се повредени кога возилото се превртело и се судрило со друго возило во централниот дел на Англија, каде од невремето починало уште едно лице. Повеќе од 100.000 домаќинства ширум Велика Британија останаа без струја. Од нафтените платформи во Северно Море беа евакуирани луѓето и производството беше прекинато, а возовите не сообраќаа во Шкотска. Спасувачки екипи биле повикани да се вклучат во акциите за спасување на луѓе во северен Велс, а 15.000 лица биле евакуирани од источниот британски брег.Метеоролозите предупредуваат дека бурата „Ксавер“ би можела да биде најсилната која го погодила континенталниот дел на Европа во последните години.

Британските власти соопштија дека е поставена бариера на реката Темза  за да го заштити Лондон од поплави поради силната морска плима.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1