Пиете млеко – и вие сте мутант, еве зошто (Видео)


Млекото е составено од лактоза. На неа и’ е потребен ензим наречен лактаза за да ја разгради. Меѓутоа, децата порано престанале да го произведуваат ензимот на возраст од 4-5 години. Оние кои сè уште го произведуваат, всушност, се мутанти. постои еден чуден феномен кој го карактеризира само човечкиот вид, а тоа е дека од околу 4600 видови на цицачи, човекот е единственото суштество на планетата кој освен своето, краде и конзумира туѓо млеко, и тоа не само во детството туку и понатаму во својата зрелост.
mlekoМлекото е наменето за новороденчиња, било да се тоа луѓе или животни. Тоа служи за да им помогне на доенчињата да преминат од раѓањето до одредено ниво на зрелост. Во случајот со животните, по извесен период мајката ги одбива своите доенчиња и тие никогаш повеќе не пијат млеко до крајот на својот живот. Човекот пак е единственото суштество на планетата кој како возрасен пие млеко, и тоа млеко што потекнува од друго животинско суштество.

Направени се студии каде што едно теле е хрането со пастеризирано млеко (преработено во онаква форма во каква што го конзумираме ние луѓето). Друго теле е хрането со млеко директно од својата мајка се додека таа не го одбие.

MlekoШто мислите, кое од овие две телиња имало поголеми здравствени проблеми? И не само тоа, здравствените проблеми кои што ги имало телето што било хрането со пастеризирано млеко биле многу слични на оние што ги имаат луѓето. Доколку имате премногу калциум во вашиот организам, тој мора да стори нешто со него, и почнува да го таложи на краевите од коските. По некое време тие коски стануваат неисправни, и се формира артритис.

Еден од многуте јасни индикатори за ова е податокот дека 75% од светската популација се лактозо-нетолерантни, односно не го поседуваат ензимот лактаза кој е потребен за разградување на млечниот шеќер наречен лактоза. Други значајни научно-истражувачки студии го врзуваат животинското млеко со ред други автоимуни заболувања, дијабетис (тип 1), кардио-васкуларни болести, рак на дојка (заради високиот естрогенски индекс), алергии, инфекции, кожни болести и друго

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1