„Џабе му судите, него не му треба суд за да му се пресуди. Тој е веќе казнет од Бога, ни ја однесе ќерката во смрт“. Со солзи во очите Драгана Калајџиќ, мајката на шестгодишната Ангела која загина во сообраќајка, ја раскажа својата тажна приказна.
– Ми го возеше детето пијан и го однесе во смрт. Не му судете, се е залудно. Бог ќе му пресуди за ова! За него не постои казна на овој свет, вели Драгана за својот сопруг, кој пијан седна во својот автомобил и направи сообраќајка во која загина неговата ќерка, 6-годишната Ангела.
Таа додава дека дошла од Германија за да биде со ќерка си, а тоа што го нашла е како детенцето и лежи во ковчег:
– Не се смееше не плачеше, само лежеше студена. Ја облеков во бело и ставив “кики“. Ми беше ангелче, ми беше се, вели потиштената Драгана.
Таа со сопругот живеела вонбрачно седум години, но решила да го остави бидејќи секојдневно физички и психички ја малтретирал. Престанал да пие и таа затоа се одрекла од старателството. Се потрудил за својата ќерка.
– Ме излажа дека не пие, го проколнувам сто пати, додава Драгана.
Инаку, лекарите се борат за животот на таткото, а неговата ќеркичка загина на лице место во несреќата.