Еден од најсвирепите убијци во Македонија ќе има ново судење


Еден од најсвирепите убијци во Македонија Миле Хаџиски ќе има повторно судење. Четриесет и две годишниот Македонец беше осуден на 20 години затвор, откако во 1993-та година со 40 убоди по телото од кујнски нож ја уби неговата девојка, Мери Јошевска на возраст од 21 година.meri mile hadjiski

Откако беше уапсен во Франција како дел од криминалната банда „Пинк Пантер“, беше екстрадиран во Македонија каде за убиството побарал повторно судење во негово присуство.

-Барањето за повторување на постапката обвинетиот го има доставено во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје, од каде на ден 21.09.2015 е доставено  Барање за мислење во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје. Обвинителот кој постапува во предметот,  на 22.9.2015 година достави позитивно мислење по барањето, односно се согласи со предлогот за повторување на постапката, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство, соопштуваат денес од Јавното обвинителство.

Сметајќи дека има основа да се верува дека обвинетиот ќе се даде во бегство, обвинителството предложи до судот определување на мерката притвор.

Предлогот е прифатен, па на Хаџиски му е определен 30 дневен притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1