Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија.
Според неофицијални информации во возилото бил со кумот и возачот.
Германската полиција објавила официјален извештај од тешката несреќа.
„Во недела утрината во 06:50 часот на патот БАБ А2, во семорт кон Дортмунд, во подрачје на градилиште, се случила сообраќајна несречќа во која првобитно биле регистрирани три повредени лица и една полесно повредена. Автомобилот од марката „мазда“ со која управувал 34-годишниот Гутерсхолер, удрил во возилото „сеат ибица“. Возилата се лизнале и забиле во банкини. Сите три патници од 2сеат ибица“ се тешко повредени, а 34-годишниот Гутерсхолер поминал со полесни повреди. Повредените веднаш биле префрлени во болница. Совозачот на возилото „сеат ибица“ им подлегнал на повредите утрината во болница. Истрагата покажала дека Гутерсхолер возел пијан и без дозвола“, пишува во официјалниот изештај на германската полиција.