Џефри Мичелс, пилот и ветеран во американските возушни сили, мистериозно исчезнал пред повеќе од 40 години. Мичелс е пронајден жив и здрав во својата куќа на Флорида.
Тој, имено, само исчезнал од должност во 1977. година, од воздушната база во Северна Дакота.
64-годишниот Мичелс сега е пронајден заедно со својата сопруга и деца во семејната куќа на Флорида, со друго име. Имено, тој го променил само презимето, и сега се вика Џефри Ланц.
Полицијата потврдила дека Мичелс користел лажно презиме на неколку правни и деловни документи.
Тој бил уапсен минатата недела и се наоѓа во притвор во американското воено воздухопловство, а му се заканува казна затвор од пет години.
Кога станува збор за казната за напуштање на војската, таа истекла, па на Мичелс нема да му се суди за тој прекршок.