Пилот Србин принудно слетал среде пат во Хрватска (Фото)


Мал авион на лет од Белград кон Вараждин принудно слетал денеска околу 12,30 часот на патот кај селото Сријема во Копривничко-крижевачката жупанија, објави српската телевизија Б92.

Според првичните информации, причина за принудното слетување биле лошите временски услови. Авионот бил едномоторен од типот Сила 450 со кој што управувал 41-годишен српски државјанин, а со него била и една жена. Тие не се повредени, а авионот не е оштетен.

Пилотот очигледно барал што помалку фреквентна улица и вешто го приземјил леталото. По слетување на авионот на местото пристигнала полиција која го регулирала сообраќајот.

Avion, Dnevnik, foto 3

Avion, Dnevnik, foto 1

Avion, Dnevnik, foto 2

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1