Пилот во шок тврди: Едвај одбегнав судар со НЛО над аеродромот Хитроу!


Пилотот рекол дека летечки сребрен објект во облик на рагби топка поминал многу близу до патничкиот авион А320 Airbus.

Пилотот на патнички авион тврди дека во јули минатата година во близина на лондонскиот аеродром Хитроу видел НЛО.

hitrou-nlo-jhdb-01Исплашениот пилот рекол дека летечкиот сребрен објект во облик на топка за рагби поминал многу близу до патничкиот авион А320 Ербас со кој управувал. Го забележал гледајќи низ левиот страничен прозор на кокпитот. Блиската средба се случила на 30-тина километри западно од аеродромот Хитроу во Лондон.

„Пилотот бил речиси сигурен дека ќе се судри со објектот кој го здогледал. Неговата прва реакција била да сврти десно. Очекувал судар“ – наведено е во извештајот за инцидентот.

Бидејќи го одбегнал сударот, капетанот ги проверил инструментите и го пријавил случајот на контролорите на летот, но НЛО-то исчезнало. Соопштено е дека за време на летот во тој воздушен простор немало метеоролошки балони или други авиони, а случајот се случил на 13 јули минатата година, околу 18:35 часот.

„Најновиот случај за соочување со НЛО е интересен затоа што е опишан детално и јасно. Пилотите не пријавуваат вакви случаи за џабе. Нешто сигурно било во воздухот во близина на авионот тој ден“ – рекол Дејвид Кларк, консултант во Националната архива.

Британското министерство за одбрана го укинало НЛО одделението и инфо телефонот во 2009 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1