„Ноќна кралица” е хит кој се слуша и денеска а ја направи Ерзана мега-популарна во Македoнија. Ноќната кралица денеска живее во Хартфорд, Конетикат заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала кој има потекло од Македонија, а викендов спречи голема трагедија во градот Мериден каде студентот-пилот, Ферас Фреитех, од Јордан, во придружба на Превала кој бил инструктор по летање од засега неразјаснети причини намерно го насочил авионот Пајпер во густо населениот дел на градот, а потоа и во фабриката за воена опрама “Прат и Витни“.
Превала успеал некако да избегне да не се урне во местата каде има луѓе или пак во фабриката каде работеле над 300 луѓе. Пајперот се урнал во една од улиците во градот.
Светските медиуми на големо пишуваат за големиот и храбар подвиг на сопругот на Ерзана.
Sitel.mk