Еден од учесниците на државниот удар во Турција бил и пилотот кој го собори рускиот авион Su-24, изјави градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек, пренесува „Спутник“.
Според зборовите на градоначалникот, пилотот бил член на организацијата на свештеникот Фетула Ѓулен.
Активностите на оваа организација, официјална Анкара ги нарекува „паралелна држава“. Претседателот Ердоган ги обвини приврзаниците на Ѓулен за организирање на бунтот, а самата организација со седиште во САД ги отфрла обвинувањата, додека Ѓулен лично го осуди превратот.