Пирамида на исхрана за дијабетичари


Познато ни е на сите дека во крвта имаме шеќер кој медицински се нарекува гликоза. За да може тој шеќер да се искористи за потребите на организмот и да биде разграден во енергија потребен е инсулинот – хормон кој се лачи од жлездата панкреас.

Кога во телото нема доволно инсулин овај процес на претворање на гликозата во енергија е попречен и како резултат на тоа се покачува нивото на шеќерот во крвта, а таквата состојба на организмот е наречена шеќерна болест или дијабетес.

Секоја година се обележува 14-ти Ноември, во чест на денот на раѓање на Frederick Banting кој заедно со Charles Best, го откриле инсулинот во 1933 година како ден за подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетот, колку е застапен во светот и кои се можните начини за превенција од појава на шеќерна болест.

Не треба да ве изненадува фактот дека и дијабетичарите имаат своја пирамида на исхрана поради нивните посебни диететски потреби. Оваа пирамида на исхрана е поделена на шест големи групи, сместени во четири нивоа. Иако постојат голем број вакви пирамиди овај едноставен модел е онај кој лесно може да го сфатите и да се придржувате.

Ниво 1 – Храна неопходна за енергија. Како и другите пирамиди, базата или најголемиот дел од пирамидата содржи јагленихидрати како што се лебот, житариците, компири и други видови на скроб. Бидејќи скробот е потребен за енергија се препорачува да се консумира во 6-11 порции дневно (под поимот порција се подразбира оброк). При тоа поради различните калориски потреби бројот на порции варира зависно од полот и најчесто мажите се поблиску до горната граница, додека жените до долната граница.

Ниво 2 – Овошја и зеленчуци. Ова ниво на пирамидата препорачува 3-4 порции на зеленчук и 2-4 порции на овошје дневно.

Ниво 3 – Протеинска храна. Месото, месните производи и другите извори на протеини како што се млекото, млечните производи, јајцата и јаткастите плодови се препорачуваат од 2-3 порции дневно.

Ниво 4 – Масти, масла и слатки. Дијабетичната пирамида на исхрана советува мастите и слатките да се консумираат умерено во многу мали количини 0-3 порции максимално на ден. Оваа пирамида не дозволува секојдневна употреба на сладолед и колачи. Тие сепак се резервирани за специјални настани и посебни пригоди.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1