Рибите кои рибарите во Дојран ги извадиле од езерото биле пирани, потврдила анализата на охридскиот хидробиолошки завод.
Според информациите, станува збор за аквариумски вид на пирани кои најверојатно некој ги пуштил во езерото.
Вчера медиумите објавија дека рибари во своите мрежи од езерото извадиле пирани, а некои од нив дури и ги каснале.
Се работи за риба-сродник, личи и потсетува на пирана, но не е пирана. Се храни со растителни материи, инсекти и рипчиња – вели за МКД.мк Зоран Спирковски, раководител на Одделението за практично рибарство и акваристика во Хидробиолошкиот завод Охрид.
Според Спирковски, се работи за амазонски паку – тоа е црвеномешеста риба. Нема простор за страв, бидејќи рибите се топловодни. Тоа значи дека ќе угинат кога ќе дојде зимската сезона – вели Спирковски.
„Слободен печат“ објавија дека рибари во своите мрежи од езерото извадиле пирани. Рибарите се во паника, а според нив на еден нивен колега дури и му бил откинат прстот. За друг пак, тврдат дека бил каснат од пирана на раката, кога сакал да ја отплетка невообичаената риба од рибарската мрежа. Во нашата Редакција пристигнаа фотографии од кои може да се види загризот на раката. Според изгледот и силината на забите, велат рибарите, најверојатно станува збор за пирана. Рибарите меѓу себе споделуваат фотографија од примерок кој наводно е уловен во Дојранското Езеро.