ПИРГОВ: Има снимка која не е пријатна да се гледа, се спасиле само тие од задниот дел на автобусот!


Автобусот со македонски државјани излетал на автопатот Струма кај бугарското село Боснек, во близина на Перник. Според првичните информации пукнала предната десна гума од автобусот, по што тој удрил во банкина по која се влечел. Во тие моменти се излеало гориво бидејќи работело парното во автобусот. Избувнал пожар и дошло до кобната несреќа за патниците кои од Истанбул се враќале кон Скопје.

Автобусот се движел со повеќе од 100 км. на час и не покажал ни милиметар кочење, што значи не реагирал адекватно. Несреќата е апсолутно последица на човечка грешка, рекол за БТВ секретар за безбедност Васко Пиргов од Перник, кој на лице место стигнал со првите полицајци и пожарникари.

Тој рекол дека автобусот не се превртил и дека возачот се обидел да сврти лево и додал дека има снимка “која не е пријатна да се гледа“, пренесува Телма.ком.мк.
– Глетката е страотна. Предниот дел од автобусот изгорел, луѓето кои се во болница биле во задниот дел на автобусот. На автобусот искршено е десно стакло и тие излегле од таму, рекол Пиргов.

Пожарот избувнал во предниот дел на автобусот и затоа е потполно опожарен напред. Овие детали во изјава за Бугарската национална телевизија ги обелодени Васко Пиргов, кој е експерт за мотори со внатрешко согорување и бил меѓу првите кој стигнал утрината на кобната клучка. Според него, возачот имал туби полни нафта, најверојатно дизел, до предните седишта, а токму поради ова дошло до експлозија.

„Пожарот е настанат поради човечка грешка на шоферот, кој се загледал по патот. Таму постои една чешма кај која запираат луѓето коишто имаат потреба, тоа е за пазуа, има такви повеќе локации, а тоа е заградено со банкина. Влегувајќи во банкина шоферот го удира и го криши знакот кој означува дека таму чешма. Тој знак одлетнал околу 35 метри. Веројатно автобусот се движел со повеќе од 100 километри на час. Од автобусот нема ниту еден траг од кочење, значи возачот не реагирал адекватно“, вели Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување.

Спрема неговите зборови, околу час и половина пред несреќата автобусот запрел на бензиска пумпа на магистралниот пат “Струма“ каде што патниците отишле до тоалет и направиле пауза околу половина час.

Тој смета дека е исклучена можноста дека возачот заспал, бидејќи бензиската пумпа се наоѓала на 15 минути возење од местото на несреќата .

Истрагата во Бугарија веќе на самиот почеток се сретна со проблеми. Еден од главните доказни материјали ленатата за движењето на автобусот, т.н. Тахограф изгорел во пожарот на автобусот, соопштија надлежните. Бојко Рановски, од државната автоагенција вели дека собракајни прекршоци на возилото не се евидентирани од граничниот премин Капитан Адреево. Како доказен материјал ќе се користи и материјалот од камерите на преминот и агенцијата за надзор на патишта.

Првиот увид на местото на несреќата го имал и секретарот за безбедност на Перник, кој пристигнал прв заедно со пожарникарите. Според него нема дилема дека причина за несреќата е човечки фактор.

Пожарот кој избувнал настанал со триење на автобусот со банкината. Според Пиргов, до возачкото место по се изгледа имало туби полни со нафта поради што дошло до екплозија во автобусот. Први настрадале тие што седеле на предните седишта.

Бугарските експерти ја анализираат и безбедноста на автопатот и поставеноста на знаците на делот од автопатот каде се случила несреќата.

Трагедијата се случила во два часот на автопатот кај селото Боснек, 40 км јужно од Софијa. Кои се идентитетите на жртвите официјално не се потврдува. За таа цел, истражните органи во двете земји ќе разменат биолошки материјал од роднините на патниците. Досега е направен распит на преживеаните, но само двајца од нив дале исказ, додека останатите биле во шок и не биле во состојба да сведочат

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1