Вербата во себе ми помогна најмногу. Тоа е се што останува, рече популарниот актер за трагедијата која му се случи.
Пред повеќе од две децении на познатиот актер му почина првата сопруга Касандра Харис од рак на дојка со која беше во брак 11 години, а минатата година од истата болест ја изгуби и својата ќерка Шарлот.
Актерот вели дека од тие најтешки животни моменти успеа да излезе како победник такашто верувал во себе.
– Јас сум католик и вербата во себе многу ми помогна. Тоа е се што останува, бидејќи од страдањето никој не побегнал. За жал, таков е животот, заклучи популарниот актер.
Броснан во моментов се наоѓа во Германија каде на 64 Берлински филмски фестивал го претстави својот нов филм „A Long Way Down“.