Се дешифрира тајната врежана во карпа пред 16 века во Мариово


Ќе се дешифрира реткиот натпис врежан во карпа на левиот брег од реката Црна при влезот во Скочивирската Kлисура, најави Зоран Алтипармаков, виш конзерватор и архитект од битолскиот Завод и музеј, пишува Дневник.

mariovo Реткиот натпис од карпата зафаќа површина од еден и пол метар во должина и еден метар и десет сантиметри во ширина. Од она што може да се види писмото, меѓу другото, содржи симболи на крст и Богородица оранс, односно фигура со раширени раце.

– Министерството за култура издвои средства за да се направи теренски увид, натписот да се исчисти, се повика стручно лице за да го дешифрира, па следните месеци ќе имаме одговор што пишува на карпата. Според првичните процени се смета дека натписот е од 5 век, но за попрецизно определување неопходно е да се прочита текстот.

Kарпата е оддалечена еден километар од село Скочивир, а 50 километри од Битола. Местото е тешко пристапно, веднаш до течението на реката, па стручниот тим морал да направи скеле за да стигне до карпата. Се претпоставува дека токму непристапноста го зачувала натписот со векови.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1