Писател – лобист против геј браковите – се уби пред олтарот на Нотрдам во Париз (Фото)


Попладнево едно вооружено лице се самоубило пред олтарот на Нотрдам во Париз.

samoubistvo-u-notr-damu-foto-betaap-1369152919-313759Лицето било на возраст меѓу 50 и 60 години и тоа си го одзело животот пукајќи си во главата, по што починало по дваесетина минути.

Според потврдените информации, се работи за писател Доминик Венер (78), кој беше противник на геј браковите, да потсетиме, францускиот претседател Франсоа Оланд ги легализира истополовите бракови минатата сабота.

Француските медиуми објавија дека полицијата пронашла писмо во близина на телото, чија содржина се уште е непозната. Венер се застрела во главата со пиштол типот “Herstal”.

dominik-vener-pisac-protivnik-gej-brakova-foto-wikipedia-1369153597-313763
Истрагата е во тек.

Затворање на 850-годишниата катедрала, еден од најпознатите знаменитости на Париз која секоја година е посетена од 13 милиони луѓе од целиот свет, е крајно невообичаено. Катедралата годинава доби нови ѕвона за одбележување на 850 години од неговата изградба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1