Пишува истовремено на два јазика со лева и десна рака (Видео)


devojka pisuvaВо оваа доба на компјутери и смартфони, некои од нас се потешко се снаоѓаат со една, а камоли пак со две раце. Но, ваков проблем нема кинеската преведувачка Чен Сиуан. 

Оваа жена има способност да пишува со двете раце истовремено и тоа верувале или не на два различни јазика. Со едната рака пишува на англиски, со другата на кинески јазик. Оваа 24 годишна девојка може да изведе трик така што со секоја рака може да пишува во различен правец.

devojka pisuva1Чен чие име значи „размислувај подалеку“, не и требало пракса за да ја развие ваквата вештина.

Таа ја открила случајно уште во средно училиште кога имала премногу домашна работа по предметот по англиски јазик. Па на овој начин успевала да заштеди време.
„Моите соученици се обидоа да ме имитираат, но ниту еден од нив не успеа во тоа“, изјави на шега Чен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1