Писмо кое го трогна светот: Таткото и кажува на ќерка си како да најде совршено момче


Доктор Кели Фланаган, клинички психолог со пракса во Витона, Илиноис редовно пишува за животот, љубовта и општеството на својот блог. Неговиот последен пост, посветен пред се на неговата ќерка но и на сите други, треба да биде пример за сите татковци во воспитувањето на своите деца, на сите деца кои не биле во можност да добијат такво воспитување, буквално на сите! Пост кој ќе ве трогне и ќе ве натера да размислите.
“Почитувана Душичке,
devojcicai tata_1374233668_670x0Неодамна, мајка ти и јас баравме на Google. По некое време преку внесување на нашите прашања, Google ни понуди листа на најпопуларните пребарувања во светот. На врвот на листата е прашањето “Како да го задржам заинтересиран?”.
Тоа ме штрекна. Проверив безброј статии за тоа како да се биде секси и сексуална, кога да го поканиш на сендвич, а кога на пиво и што да направиш за тој да се чувствува подобро, попаметно и супериорно. И се налутив.
Моја малечка, не е, не било и никогаш нема да биде твоја работа да го “држип заинтересиран”.
Срце мое, твојата единствена работа е да знаеш дека длабоко во себе – во тоа недопрено место кое не е збунето од одбивање, губење и его – ти си достојна за интерес. (Ако секогаш можеш да се сетиш дека и секој друг е достоен на интерес, битката на твојот живот ќе биде во голема мера победена. Сепак за тоа друг пат.)
Ако веруваш во себе на овој начин, ќе бидеш привлечна во најважната смисла на зборот: ќе го привлечеш вниманието на момче кое е способно да се заинтересира за самиот себе и кој ќе сака да го помине својот живот инвестирајќи го својот интерес во тебе. Мое малечко, сакам да ти кажам приказна за едно момче кое нема потреба да се задржи заинтересиран, бидејќи тој знае дека си интересна.
Father_and_BabyНе ми е гајле ако ги стави лактите на маса додека јаде – додека ги држи своите очи на твоето носе додека се смееш. И не може да престане да те гледа. Не ми е важно ако не може да игра голф со мене – се додека можете да си игра со децата кои ќе му ги подариш и на сите убави и фрустрирачки начини ќе открие дека се исти како тебе. Не ми е важно ако не внимава на својот паричник – се додека внимава на твоето срце, тоа ќе го води до тебе.
Не е важно дали е јак – се додека ти дава шанса да покажеш каква сила има твоето срце. Не е важно за кого гласа – онолку долго колку што секојдневно покажува чест и почит во вашиот дом и твоето срце. Не е важна бојата на кожата – се додека платното на вашите животи го бои со трпение, жртвување, ранливост и нежност. Не е важно дали е израснати во оваа или онаа религија или во ниедна религија – се додека е воспитан да го цени она што е свето, и да знае дека секој миг од животот со тебе е токму таков.
И, конечно, мое малечко, ако сретнеш таков човек, и тој и јас немаме ништо друго заедничко, сепак заедничко ќе ни биде најважното нешто: ТИ!
Затоа што, после сè, малечка, единственото нешто што е потребно за да го задржиш заинтересиран си ти!
За тебе вечно заинтересираниот човек, Тато.
Овој пост е, се разбира посветен на мојата ќерка, мојата драга. Но сакам да го посветам и пошироко. И го напишав на мојата сопруга, која храбро се држеше до своите вредности и секогаш сметаше дека јас сум од тој вид на “момчиња”.
Го напишав за секоја возрасна жена која сум ја запознал во и надвор од мојата канцеларија – жени кои никогаш го немале гласот на својот татко.
Го напишав, и за една генерација на момчиња, кои ќе бидат мажи и кои треба да се потсетат на она што е навистина важно – за да мојата девојка го најде нежниот, животен партнер треба барем еден од вас да го разбере она што јас го напишав.
Јас се молам за вас.”

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1